Државната изборна комисија ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори 2017 година. Одбиени се 88 приговори од вкупно 89 кои што ги поднесе Беса , додека еден приговор е повлечен од страна на партијата.

На барање на Беса –  84 приговори биле разгледани како еден, бидејќи имаат исти наводи и се однесуваат на општина Чаир.

Членовите на ДИК ги отфрлија и сите 13 приговори поднесени од Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, како неосновани. Отфрлен е и приговорот на НДМ, со образложение дека е неуреден.