Државната изборна комисија не го прифати ветото на СДСМ што го стави дополнителниот заменик министер Кире Наумов. Тоа значи дека утре ќе има аукција на државни записи и Владата ќе се задолжи со 100 милиони евра. Со пет гласа ЗА, стариот состав на Државната изборна комисија одлучи дека новиот заем нема да влијае на изборниот процес.

Претходно СДСМ рече дека нема да се повлече од ветото и нема да дозволи државата со задолжување да дојде до банкрот.

-Државната изборна комисија на вечерашната седница постапувајќи по барањето на министерот за финансии за донесување одлука согласно член 48 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број членови одлучи дека емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашниот пазар на хартии од вредност не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите. Одлуката на Државната изборна комисија е конечна, се вели во соопштението од Државната изборна комисија.

OhridNews
Извор: „Утрински Весник“