Во организација на Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ денеска во Охрид ќе се одржи завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан преку ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.

На настанот ќе се  дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со реактивната мисија на УНЕСКО.

Настанот ќе се одржи во хотелот Ројал Вју, во 12 часот.

OhridNews