Седуммина обвинети во случајот „Диво Насеље“ се осудени на доживотна затворска казна. 13 од нив се осудени на 40 години затвор, 6 од нив на 20 години, на 14 години се осудени двајца од обвинетите, на 13 години, исто така двајца, а на 18 години е осуден еден од обвинетите. Најниска казна добија двајца од осудените, 12 години, а четворица беа ослободени.

Првообвинетиот Сами Укшини, познат како командант Соколи, доби 40 години затворска казна.

Обвинетите денеска не ја слушнаа пресудата. Тие скандираа во судницата во Врховниот суд „Да живее Албанија“ „УЧК, УЧК“, „Господ да ја благослови Америка“, „Терористите се во парламент, а ние сме УЧК“.

Тие ја пееја и албанската химна и песна „Беса, беса“ кои ја пееле припадниците на УЧК. По ова тие беа изнесени надвор од судницата.

OhridNews
Макфакс