Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се зголемува за 2,5 ден/лит., на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит., додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета.

Согласно одлуката која ја донесе Регулаторната комисија за енергетика,  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по цена од 98 денари, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 по 83,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 85,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе порасне за 3 денари за литар, достигнувајќи 95,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,901 денар за килограм и ќе достигне 51,311 денари.

OhridNews