Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит., а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 8,00 ден/лит. одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 87,00 ден/лит., ЕУРОСУПЕР БС-98 за 89,00 ден/лит., додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 91,50 ден/лит.

Се намалуваат и цените на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 6,00 ден/лит. и истата ќе изнесува 92,50 ден/лит., како и на Мазутот М-1 НС за 2,881 ден/кг. и ќе се продава по цена од 43,538 ден/кг.

OhridNews