Според податоците од ДИК до 17 часот, во општина Охрид од вкупно запишани 52.195 лица во единствениот избирачки список, на гласање излегле 26.21% од запишаните избирачи во единствениот избирачки список.

Во општина Охрид се гласа на 88 избирачки места. Според информациите од општинската изборна комисија засега гласањето тече во мирна атмосфера и не се забележани било какви инциденти.