Серијата проблеми кои се јавиле во изградбата на автопатот Охрид – Кичево ќе резултираат во дополнителни трошоци во вредност од околу 100 милиони евра, проценува новата Влада. Таа соопшти дека поради технички пропусти и измени на трасата изградбата на овој автопат паузира, а запрена е изградбата на автопатот Миладиновци – Штип поради нерешени имотно правни прашања.
Овие два автопати се градат со кредит од 500 милиони долари од кинеската Ексим банка, а работите ги изведува кинеската компанија „Синохидро“ со подизведувачи од земјава.

Во меѓувреме, СЈО покрена предистражни постапки за начинот на водење на тендерската постапка за изградбата на автопатите објави „Телма“.
Случајот „Тратекторија“ се води против 4 лица, поранешни високи владини функционери кои во 2013 година презеле повеќе дејства во однос на избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што нанеле штета на буџетот од 155.117.172 евра и за истиот износ и овозможиле на компанијата изведувач да се стекне со имотна корист. Првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски.
OhridNews











