Добар одзив за вакцинација во регионалниот центар во Охрид
06.05.21 09:37
Од пријавени 1100, вчера, во регионалниот вакцинален центар во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, се јавиле 900 лица, што според ангажираниот медицински персонал е добар одзив.
Одзивот на граѓаните е задоволителен, би рекол и одличен. Очекувам бројот на вакцинирани лица да надмине 1000 дневно, што би било извонредно. Луѓето не треба да се плашат, вакцината е безбедна и, како што постојано велам, единствен начин да ја победиме оваа пандемија. – изјави за OhridNews Др. Горан Балевски, директор на Општа Болница Охрид.
Вакцинацијата ја врши обучен медицински персонал на 28 пунктови. На лекарите и медицинските сестри им помагаат волонтери од локалната самоуправа и организации од градот.
Освен во регионалниот центар, се вакцинираат и пациенти кои, поради здравствената состојба, не се во можност да дојдат на закажаниот термин. Во такви случаи, мобилен медицински тим се упатува во домот на болниот или изнемоштен пациент и врши вакцинација, објаснува Др. Балевски.
Во текот на вчерашниот ден се вакцинираше и медицинскиот персонал од болниците и здравствените установи во регионот, за што се обезбедени посебни пунктови.
Од исклучителна важност е медицинскиот персонал да биде имунизиран, затоа што е изложен на опасност. – потенцира Др. Балевски.
Балевски истакна дека полека попушта притисокот на болниците, чиј персонал е уморен и истоштен од долгата битка со Ковид 19. Во моментов во ковид центарот во Општата болница во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, што е значително помалку во споредба со минатиот месец, кога тој број беше повеќе од двојно поголем. Др. Балевски е оптимист дека масовната вакцинација ќе придонесе да се прекине синџирот на зараза и дека резултати ќе видиме веќе претстојното лето.
Денес во Музејот на македонската борба во Скопје се одржа првата јавна расправа посветена на изработката на Националната стратегија за развој на туризмот на Република Северна Македонија за периодот...
Во 2025 година во државава се склучени 10 507 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 51 %, додека бројот на разводи е зголемен за 80 % Минатата година во Охрид биле с...
Во понеделник, 8 јуни, ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник, информираат од Општина О...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.