Доделени сертификатите на учесниците на 14-тата Меѓународна школа за млади лидери одржана во Охрид
19.10.23 13:02
Триесет и осум учесници од Македонија, Србија, САД, Азербејџан, Турција, Јемен, Алжир, Нигерија, Германија, Филипини и од Канада вчера ја завршија 14-тата Меѓународна обука за млади лидери што во организација на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се одржуваше во Охрид.
Школата на тема „Едукација – Трансформација – Лидерство“, се одржа во комбинирано издание, со предавања и дискусии онлајн и во живо.
Поранешниот претседател на учесниците кои ја следеа целата програма и успешно ја завршија школата им додели сертификати, а на поддржувачите и ко-организаторите им додели благодарници.
Покрај наставата и предавањата, учесниците го поосетија на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид каде свое предавање одржа д-р Исмаил Серагелдин, основач и поранешен директор на Александриската библиотека.
Убавото и топло време во Охрид учесниците го искористија за заедничка прошетка и посета на културно-историските знаменитости на Охрид.
Школата континуирано ја потврдува својата заложба за создавање на нови генерации млади лидери во областите од кои доаѓаат, притоа овозможувајќи им преку предавањата кои ќе ги слушаат и контактите кои ќе ги создадат, понатаму да се развиваат и на личен и на професионален план.
Школата за млади лидери беше основана на иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов која започна на почетокот на неговиот прв мандат. Првата Меѓународна обука за млади лидери се одржа во 2010 година. Оттогаш на досегашните 14 обуки учествуваа околу 550 млади луѓе од земјата и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред дванаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери, предавања одржаа околу 350 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, проектот Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, е прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели.
Актуелниот светски првак Аргентина се пласира во финалето на Светското првенство во фудбал каде ќе се сретне со Шпанија Argentina are headed back to the #FIFAWorldCup Final 🇦🇷 — FIFA World Cup (@FI...
Според информациите на Националниот парк Галичиц, денес од страна на туристи е забележана мечка во реонот над селото Горно Коњско Ги повикуваме жителите, посетителите, планинарите, како и сите лица...
Голем пожар попладневно избувна на планината Петрино, на потегот помеѓу населбите Бараки и Видобишта Очевидци за Охридњуз раскажуваат дека ситуацијата брзо ескалирала, а пламените јазици кои зафати...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.