Канализационата мрежа во Лескоец и Велгошти, ќе започне да се гради во 2008 година, најави денеска директорот на МЈП Проаква, Бранко Трпчески, на предновогодишната средба со новинарите.

„Подготовките за реализација на овој капитален проект ќе отпочнат по Нова година, рече Трпчески. Тој истакна дека догодина ќе биде завршена и сепарацијата на атмосферската од фекалната канализација на ул. Даме Груев,  и најави реализација на уште неколку капитални објекти кои се подржани од локалната самоуправа.

Трпчески минформираше дека до мај 2008 година ќе заврши изградбата на колекторскиот систем Метропол-Пештани, а ќе започне изградба на независни пречистителни станици во Трпејца и Љубаништа.

Од Проаква најавија дека во 2008 година ќе започне и изградбата на неколку мали хидроцентрали во Охрид и Струга за што не очекуваат да има проблеми со централната власт кој го оспори овој проект.

Еден од капиталните проекти кои ќе ги реализира јавното претпријатие догодина е и изработката на подземниот катастар, а паралелно со сите овие активности ќе се работи и на модернизација на постоечките капацитети.

Г. Момироски