Во борбата со коронавирусот Ковид 19, кој целосно го промени начинот на живот во светот и кај нас, несебично се приклучуваат општествено одговорни компании, кои донираат неопходна помош, онаму каде што е најпотребно.

Таква е и компанијата „Атва“ од Кичево, во чија сопственост се повеќе маркетии и хоум центри во регионот, меѓу кои и во Охрид. Компанијата донираше средства за хигиена и други потребни продукти на болницата во Кичево во вредност од 290.000 денари.

Хуманиот гест на „Атва“ и другите општествено одговорни компании се пример како треба да се делува за да се надмине големата здравствена криза која сериозно се чувствува во сите сфери од живеењето.

OhridNews