Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски, денеска во полициската станица во Струга ја прими донацијата од 16 возила „Дастер“ за Граничната полиција, вредна 240.000 евра. Возилата се донација на Германското сојузно министерство за внатрешни работи.

Министерот Спасовски потенцира дека Германската влада сите овие години наназад за Република Македонија претставува принципиелен пријател и поддржувач, чија што помош и поддршка се од суштинско значење не само во поглед на нашето евро-атлантско интегрирање, туку и во поглед на развојот и стабилноста на македонското општество и институции.

При посетата на полициската станица во Струга министерот Спасовски ја информира јавноста и за обновениот надворешен изглед на објектот на ПС Струга. Заменети се сите дрвени прозорци со ПВЦ прозорци и ставена е термоизолациона фасада, а во наредниот период ќе се преземат и други активности за натамошно подобрување на условите за работа на полициските службеници.

Г.М.