Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информација за потребата од преземање итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Како што информираат од владината прес-служба, во заклучоците задолжено е Министерство за животна средина и просторно планирање да донесе Одлука со која ќе ја задолжи ЈНУ – Хидробиолошки завод – Охрид да изработи приоритетна листа на клучни живеалишта од национално и европско значење и листа на статус на видови според IUCN класификација на загрозени приоритени видови на риби, безрбетници и алги во Охридско Езеро.
Има и повеќе укажувања до Управата за заштита на културното наследство, меѓу коишто, во посочени рокови, да достави насоки до надлежната установа – НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, со што ќе ги дефинира (ограничи) можностите за изградба на нови објекти, надградби и доградби во Старото градско јадро на Охрид, имајќи предвид дека членот 59-ѕ од Законот за градење не е правен основ за доградби, надградби и реконструкции во старото градско јадро на Охрид, се наведува во соопштението.
Од владината прес-служба посочуваат дека се задолжува и Министерството за транспорт и врски, а се укажува и на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, во прецирани рокови, секој во рамките на своите надлежности да започнат со отстранување на бесправно изградените објекти за коишто се издадени правосилни решенија за отстранување и за коишто се обезбедни финансики средства за остранувањето.
Задолжено е Министерството за транспорт и врски, а им се укажува на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, сите урбанистичко плански документации да ги доставуваат до Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на мислење уште во фаза на предлог-опфат, односно пред да бидат усвоени од општинската Комисија за урбанизам и инкорпорирани во годишната програма, се наведува во соопштението.

Воедно задолжено е Министерството за култура, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство да изработи Нацрт-верзија на Предлогот на законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
OhridNews













