Со желба да ги вдоми партиските послушници на СДСМ склучил четири незаконски договори кои се недозволени во таа форма и истите се со нејасни цели и фиктивни работни задачи, обвини денеска на прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев.

Правен консултант од кабинетот на Георгиески и координатор на Општинскиот кризен штаб за заштита на населението од КОВИД-19 за својот ангажман ќе добива фантастични 60.000,00 денари плус да му биде платен и персоналниот данок. За споредба толкава плата не добива ни Директорот на Општата болница. Економски консултант од кабинетот на Георгиески за справување со економските последици од коронавирусот за својата работа ќе добива 40.000,00 денари плус платен персонален данок. Исто толку ќе добива и консултантот во кабинетот на Георгиески, давател на интелектуални услуги за намалување на негативните економски последици од КОВИД-19. И на крајот 30.000,00 денари плус данок ќе добива вршителот на интелктуални работи во Општината, за потребите на кризниот штаб како дел од кабинетот на Георгиески задолжен за односи со јавност. – рече Донев

КОВИД-тимот на општината чини фантастични 190.000,00 денари месечно, истакна Донев. Тој ги повика стручните служби на општина Охрид веднаш да ги прекинат исплатите по овие договори бидејќи истите се незаконски.

OhridNews