Откако го преспа летото, односно го потроши на скапи забави организирани со народни пари, градоначалникот Јован Стојаноски заборави на обврските кои со себе ги носи почетокот на учебната година. Покрај тоа што не реновира ниту едно училиште, не набави опрема или средства за воспитно-образовниот процес, Стојаноски заборави да распише тендер за превоз на ученици, обвини на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.

– Деновиве набрзина ги задолжил училиштата сами групирани по неколку да објават тендери и да ја исполнат обврската. Учениците моментално се превезуваат со анекс-договори која е законски дозволена категорија, но само во случај кога е распишан тендер за нова набавка. Дали неодговорноста кон учениците што се оставени без бесплатен превоз на почетокот од учебната година е европски принцип за градоначалникот Стојаноски?, праша Донев.

Тој додаде дека Стојаноски заборавил дека треба да распише тендер за превоз на ученици,бидејќи е преоптеретен со промоција на штетниот договор со Грција.

– Го потсетуваме дека доаѓа зима и неопходно е веднаш да објави тендер за набавка на нафта за греење на училиштата. Го потсетуваме, за да не заборави, а децата да смрзнуваат во зимата која доаѓа. Градоначалникот Стојаноски место да обезбедува современи услови во образованието, се  насочува кон уништување на истото.

OhridNews