Во услови на економска криза и рецесија како и на намален обем на работа, градоначалникот Георгиески излегува со предлог за ново покачување на цената на водата за пиење, истакна денеска на прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид Сашо Донев.
Според него, вистинската причина за поскапувањето на водата е зголемувањето на платите на вработените за 2021 година во ЈП „Водовод“ од над 12 милиони денари и нови 18 вработувања кои охриѓани ќе ги чинат над 5 милиони денари.
Ве повикувам јавно да побарате од советниците кои сте ги гласале да се борат за вашите интереси и да се спротивстават на предлогот на партискиот послушник Георгиески за покачување на цената на водата. За ваквата одлука на Георгиески граѓаните ќе треба да одвојат од сопствениот буџет вкупно 250 илјади евра годишно.
Во време кога сè уште има луѓе кои или немаат вода за пиење или истата е микробиолошки неисправна, се планира поскапување на водата за пиење и се вработува личен возач на директорот и разни административни референти, додаде Донев.
OhridNews












