Заклучно со денешниот датум, полициските службеници при СВР Скопје вршат обезбедување врз 230 лица со Решенија за самоизолација од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и на илјада лица кои што се со наредби за самоизолација. Досега извршени се контроли во 530 угостителски објекти, а во текот на денов дополнително ќе бидат прверени уште 140 угостителски објекти, информира на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Како што рече министерот, во СВР Велес под надзор се две лица со решение на ДСЗИ, 99 лица по наредби за самоизолација, а контролирани се 77 угостителски објекти; во СВР Тетово се обезбедуваат 17 лица по основ на решенија на ДСЗИ и 185 лица со наредби за самоизолација; во СВР Штип такви мерки се превземени врз 10 лица со решенија од ДСЗИ и 246 лица со наредба за самоизолација а извршена е проверка и на 147 угостителски објекти; при СВР Струмица се обезбедуваат 11 лица со наредба за самоизолација, проверени се и 172 угостителски објекти; во СВР Битола под надзор на полициските служби се 32лица со решенија од ДСЗИ и 140 лица со наредба за самоизолација; во СВР Куманово – шест лица со решенија од ДСЗИ, 221 лице со наредба за самоизолација, а направена е проверка во 83 угостителски објекти; и во СВР Охрид се обезбедуваат 82 лица со решенија од ДСЗИ и 205 лица со наредби за самоизолација, додека пак контрола е извршена во 162 угостителски објекта.

Досега се поднесени вкупно 24 кривични пријави против 29 лица, помал дел од нив по основ „пренесување на заразна болест“, а повеќето по основ на “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, како и три известувања до надлежно ОЈО а се однесуваат на член 206 од КЗ.

Вчера, исто така, беа пропуштени 11 товарни возила со храна, четири возила со лекови, 15 возила од компаниите кои работат на подрачјето на Дебар и едно возило со средства за дезинфекција Дополнително организиран е спровод на едно медицинско возило со две лица се пренесени до Клиничкиот центар во Скопје. Завчера пак на 17.03. беа пропуштени 25 возила со 34 меѓу нив и медицински лица лица коишто вршеле достава на храна и лекови. Во моментов медицински лица работат на излекување на една трудница, односно асистираат во обезбедување на медицинската документација со цел успешно завршување на извлекувањето.

Во врска со состојбата со влез и излез од земјава во текот на минатите 24 часа евидентиран е вкупен влез на 2824 граѓани од кои 2017 македонски државјани, а 807 странски државјани. Додека пак излез оствариле вкупно 2278 лица од кои 951 македонски граѓани, а 1327 странски државјани. Примарно станува збор за професионални возачи на товарни моторни возила. Возачите на тешки товарни возила кои се странски државјани, после истоварот на стоката имаат обврска, согласно протоколите веднаш да ја напуштат државата, а доколку станува збор за транзит, обврската е во рок од пет часа да ја напуштат територијата на нашата држава.

  • Ги повикувам граѓаните и во следниот период да го користат бесплатниот телефонски број 0800 00 201 и е-маил адресата која е отворена со цел да добијат целосни информации за постапувањето на Министерството за внатрешни работи, но и да пријават непочитување на препораките и одлуките донесени од страна на Владата, рече министерот.

Министерството за внатрешни работи во текот на денов ќе започне да дава изјави (на македонски и на албански јазик) за секое лице кое ќе ја напушти државата и кое ќе се обврзе дека во наредните три месеци нема да се врати државата, а исклочок од оваа мерка ќе бидат возачите на товарните моторни возила кои секојдневно преминуваат граничен премин во државата и граѓаните кои ги напуштаат граничните премини поради здравствени причини. Сите професионални возачи на товарни возила кои претходно добиле наредби за самоизолација, потребно е да обезбедат соодветни дозволи од Државниот санитарен инспекторат со која потврда ќе докажат дека имаат право за непречен и повеќекратен влез и излез од границите, а со цел тековно извршување на работните задачи.

Потоа, Министерството во соработка со Царинска управа и со АД Пошта превзема мерки за постапува согласно протоколите за превоз и транспорт со цел да се овозможи непречено спроведување на размена на пошта и меѓународен поштенски сообраќај.

OhridNews