Во врска со досегашниот тек на предизборната кампања, Ангелов истакна дека минува во напната атмосфера, проследена со бројни притисоци, додека најголемите политички партии фрлаат огромни средства и прават патувачки циркус, при што едни исти луѓе ги носат на митинзите во сите градови.
Претседателот на Дoстоинство истакна дека нивна заложба е партијата на претстојните избори да освои девет пратенички места.
– Свесни сме дека тоа е тешко, но гледаме дека кај граѓаните постои голем револт кон СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ. Ние сме нова, чесна, искрена и бескомпромисна сила која се докажа дека знае да ја сочува својата чест. Веруваме дека граѓаните тоа ќе го препознаат и ќе ни ја дадат својата доверба, рече Ангелов.
Тој потенцира дека Достоинство нема да биде дел од политичка коалиција по секоја цена. – Подобро е да не бидеме дел од коалиција отколку да ги погазиме нашите принципи. Еден од нив е департизација на општеството. Денес државата е целосно партизирана и таквата практика треба да престане.-истакна Ангелов.











