Дождот кој во текот на целиот ден врне во Охрид не претставуваше пречка со мала свеченост кај Студенчишта да биде промовирана  рекреативната “Франкофонска“ патеката која поминува низ НП Галичица.


дождот не ја попречи промоцијата

Првиот дел од франкофонската патека кој по шеесет дневна работа беше завршен деновиве, има вкупна должина од 6.3 км. Патеката почнува кај Студенчишта, поминува низ с.Рамне и завршува над с.Велгошти.Накоро како што најави директорот на НП Гасличица, Зоран Ангелоски ќе започне изградбата на вториот дел од патеката. Проектот е веќе изготвен и е испратен на одобрување во Министерството за животна средина. Со него се предвидува во месноста Видиковец да се изгради една училница во природа, а во должината на целата патека ќе бидат поставени едукативни табли на кои туристите ќе може да се информираат за природните богатства на НП Галичица, рече Ангелоски.


свечено отворена франкофонската патека на Галичица

На отворањето на патеката на Франкофонијата присуствуваше и амбасадорот на Франција Бернар Валеро, кому воопшто не му пречеше дождливото време. Водата тука во Македонија се смета за бериќет па оттаму може да речеме дека не служи времето денеска,  рече по малку во шега Валеро.


Дождот значи бериќет-Валеро

Францускиот амбасадор изрази воодушевеност од природните убавини на НП Галичица. Ова  што го гледаме тука на Галичица и другите природни убавини на Охрид се потврда зошто овој град е под заштита на УНЕСКО, рече Валеро. Тој информираше дека промоцијата  франкофонската патека во НП Галичица е мошне значаен проект кој е дел напорите за зашувување на природсното богатство со кое располага овој регион. Валеро упати честитки до јавната установа НП Галичица и градот Охрид за реализација на проектот и најави дека преземањето на претседателтвото со ЕУ од страна на Франција што ќе се случи на 1 јули амбасадата ќе го одбележи токму во Охрид.

ohridnews