Во струшкото село Корошишта, вчера, околу 12 часот, на месноста викана „Лак“, 56-годишно лице од село Џепин, додека собирало дрва било пристинато од едно дрво по што починало на местото.  

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицински центар Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Струга, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

OhridNews