Вчера околу 15.50 часот на магистралниот пат за граничен премин Ќафасан, на место викано „Пескавица“ во близина на с. Франгово, струшко, 35-годишно лице од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во незгодата, возачот  и сопатничката (27) од с.Умин дол, кумановско, се здобиле со повреди. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.

OhridNews