Истражителите на СЈО од домот на ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска, при денешниот претрес кој траел околу десет часа, одзеле два мобилни телефони, приватен и еден кој ѝ бил даден од Собранието и го користела половина година. Одземен ѝ бил и компјутерот на нејзиниот син.

За време на претресот, со наредба за одземање предмети на СЈО потпишана од судија на претходна постапка од кривичниот суд, Канческа била присутна и соработувала со полицијата. Информацијата за претресот ја потврдија нејзините адвокати  Сашо Дукоски и Еленко Миланов.

Неофицијално, станува збор за нов предистражна постапка, поврзана со дело од 2016-та година. Од СЈО и од полицијата не откриваат детали за денешниот претрес.

OhridNews
Макфакс