Дваесет и една година од смртта на големиот македонски писател Живко Чинго
11.08.08 00:27
На денешен во 1987 во Охрид умре Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите збирки раскази “Пасквелија”, “Нова Пасквелија”, романите “Сребрените снегови”, “Големата вода”, драмите “Кенгурски скок”, “Макавејски празници” и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература.
Живко Чинго е роден во Велгошти, Охридско, на 13 август 1936 година. На овој датум во неговото родно село се организира културната манифестација „Вечер на Чинго“ на која се доделува награда за најдобар расказ на конкурсот што го востанови локалната самоуправа – Охрид. Годинава првата награда ја освои расказот „Будење“ на авторот потпишан под шифрата Осветлувач.
Од 21 до 23 август ќе се одржи 38 издание на меѓународната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, која и годинава ќе обедини поети и автори од Македонија и повеќе европски земји Настани...
Со гала концерт насловен „Love“, вечерва во 21 часот на Античкиот театар свечено ќе биде отворено 66 издание на фестивалот „Охридско лето“, најзначајната и најреномирана меѓународна културна манифе...
Спектакл под свеќи исполнет со многу емоции приреди Камерниот оркестар „Профундис“ и младиот виолончелист Петар Пејчиќ преку концертот што вчеравечер го организира НУ „Охридско лето“ Бројната публи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.