Во акција на СВР Охрид, реализирана во авто-кампот „Андон Дуков“ оперативците на први јуни годинава пронашле и одзеле педесет и една садница од растението Канабис сатива.
– Во викенд куќа во кампот, затекнати се и приведени двајца охриѓани на возраст од 27 и 19 години. При извршен претрес, на терасата од куќата каде едно од лицата со пластично шише се обидувало да ги навади садниците, пронајдени се 31 импрови- зирани саксии со вкупно 38 растенија додека 4 саксии со 13 растенија дополнително се пронајдени во близина на терасата, информира портпаролот од СВР Охрид, м- р Стефан Димоски.
Против двете лица СВР Охрид поднесе кривична пријава за постоење основи на сомнение дека сториле едно казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.
OhridNews












