На магистралниот пат Охрид–Кичево, кај Копачка, вчера, во 21 часот, 59-годишно лице од Тетово управувајќи патничко моторно возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки, изгубило контрола и возилото излетало од коловозот.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила и 6-годишната сопатничка, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

OhridNews