На магистралниот пат Охрид-Кичево, утрово, во 2.15 часот, 60-годишно лице од Кичево, управувајќи патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, изгубило контрола над возилото кое излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото, две лица од Кичево, кои биле пренесени во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.

OhridNews