Две лица загинале во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17 часот на автопатот Неготино – Велес, на 500 метри од наплатната станица Градско, соопшти СВР Велес. Во сообраќајката учествувале два камиони и еден автомобил.

Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес направиле увид на местото на несреќата со цел да се  утврдат причините за судирот.

Според информациите во националните медиуми во несреќата загинала мајка и нејзиниот четиригодишен син.

 

OhridNews