Утре, во организација на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, во Изложбениот салон на Домот за култура Григор Прличев во Охрид, со почеток во 21:00 часот, ќе бидат  одржани две трибини. Првата ќе биде на тема: „Св.Кирил и Методиј – основоположници на македонската писменост – за македонскиот јазик“ на која предавач ќе биде проф. Славица Јанковска.

Втората трибина ќе се одржи на тема: „Македонија на патот кон ЕУ и НАТО – Остварени проекти на Владата на Р.Македонија“ на која ќе говори Антонио Милошоски.

OhridNews