Општина Охрид претставува позитивен пример во однос на организација, функционирање и финансирање на системот за заштита и спасување – ова е наведено во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на тема: „Градење на систем за управување со кризи, заштита и спасување преку инвестиции во опрема и ресурси, одржување на средствата со цел да се зголеми оперативноста, ефикасноста и ефективноста“.

Општината е вклучена во сите оперативни дејствија и заштита во случај на пожар. Финансирањето на противпожарната заштита е во значителен дел со средства од Буџетот на Општина Охрид. За таа намена 85% се средства на општината, а само 15% од дотации.
Според државните ревизори позитивен пример кој треба да се истакне е и Планинската спасителна служба во Охрид која е дел од Националниот сојуз за планинско спасување и во пракса делува како специјализирана оперативна единица за интервенции на планински и тешко пристапен терен.
OhridNews










