Владата го утврди Предлог-законот за младински додаток, во висина од 3000 денари месечно, кој ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност. Младинскиот додаток ќе им се исплаќа и на младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и на млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

Целта на законот за младински додаток е поттикнување на вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование, со што ќе се допринесе до подобрување на нивниот животен стандард и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.

Предлог законот по усвојувањето од владата ќе се достави на усвојување до Собранието на Република Северна Македонија.