Жителите на улиците „Македонски Просветители“, „Дејан Војвода“ и Бул. „Туристичка“ се уште имаат проблем со водоснабдувањето, бидејќи дефектот кој се јави утрово предизвика нов на друга локација.

  • По завршување со санацијата на дефектот на улицата „Дејан Војвода“ во 16:00 часот и при пуштање на водата, настана нов дефект на улицата „Македонски Просветители“. Повторно е пукната цевка со профил ф100 (салонит). Екипите на ЈП „Водовод“ неуморно работат веќе 14 часа и ќе продолжат и во текот на ноќта се до целосно завршување со санацијата и нормализирање на водоснабдувањето во центарот на градот. –  информираат од јавното претпријатие.

OhridNews