Во врска со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на РМ, во текот на иминатите денови од страна на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје доставена е уште една кривична пријава, против лице од Прилеп, поради постоење основи на сомневање за извршено кривично дело-“учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, информираат од МВР.
Воедно, до Основно јавно обвинителство доставено е едно Известување во врска дејствие на 45-годишен охриѓанец, вработен во Единицата за потраги при СВР Скопје.
Имено, истиот иако бил службено ангажиран за постапување по најавениот протест од граѓанското здружение „За заедничка Македонија“ како физичко обезбедување на протестот, околу 19,00 часот кога поголем дел од граѓаните учесници на протестот насилно влегле во Собранието преку главниот влез, Охриѓанецот влегол во Собранието при што и по наводите на неговата изјава и изјава на вработен како Виш инспектор во Одделот за заштита на определени личности и објекти, во моментот кога го извадил од футрола службениот пиштол и испукал еден проектил во воздух со цел да ја спречи и предупреди толпата, охриѓанецот го фатил за раката при што се обидел насилно да му го одзеде службениот пиштолот.
Во Собранието, лицето од Охрид било присутно од 19,00 часот во првите редови од толпата до лица од обезбедувањето на Зоран Заев, каде истиот нешто им зборува и снима со мобилниот телефон, иако не бил службено ангажиран внатре во Собранието. Од страна на Единицата за насилен криминал обезбеден е видео запис со дејствијата кои ги презема лицето од Охрид и изготвен е и фотоалбум.
Исто така, завчера (20.05.) а по претходно распишан локален распис на аеродром “Александар Велики“ Скопје, лишено од слобода е 37-годишно лице од Охрид, по што е спроведено во ПСОН „Кисела Вода“ и од страна на полициски службеник е задржан. Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје обавен е разговор со лицето, по што е дактилоскопирано и ослободено, а во консултации со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.
OhridNews












