На регионалниот пат Охрид-Свети Наум, вчера, во 17.40 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со чешки регистарски ознаки, управувано од 18-годишно лице од Република Чешка и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 25-годишен охриѓанец.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило 34-годишно лице од Република Албанија, сопатник од возилото „Фолксваген Голф“. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.
OhridNews












