Пред околу еден месец при поставување приклучок, раскопан е дел од улицата „Славеј Планина“, но делот кадe се извршени градежните работи не е вратен во првобитна состојба како што налагаат прописите, се жалат жители од оваа улица.

Се ископа цела улица и 20м тротоар. Сега после месец дена имаме дупка на улицата и нефункционален тротоар. – велат револтираните жители.

Тие не знаат кој е одговорен за проблемот, но очекуваат нарачателот на работите и изведувачот да извршат соодветна санација на улицата и тротоарот, со цел нормално функционирање на истите.

Жители, пак, од населбата „Христо Узунов“, се жалат на изведба на градежни работи во ек на туристичка сезона.

Отежнат е пристапот до нашите домови, но најголем проблем е што ова се прави во шпицот на туристичката сезона кога фрекфенцијата на луѓе и возила е најголема – велат тие.

Согласно прописите, од 1 јули во Општина Охрид на сила е забрана за изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.

Оваа забрана важи за просторот под улица „Туристичка“ до Езерото и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Далјан, просторот над улица „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта до манастирскиот комплекс Св. Наум.

OhridNews