Екипата на Др. Баткоски забележа убедлива победа од 7:1 над Етно ресторан Дедо Димо и го одбележа четвртиот натпреварувачки ден на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта.

Во натпревар од групата Х, тимот на Др. Баткоски уште од самиот почеток го наметна своето темпо на игра и со убедлив настап стигна до висока победа, со што направи значаен чекор кон пласман во следната фаза.

Интересно беше и во групата Ф, каде Златара Бени Ерол славеше со 4:1 против Екстра Скопско и ги освои бодовите во пресметката за врвот во групата.

Ефикасен натпревар се одигра во групата Ц, каде ДООЕЛ Ноче со 4:2 ја совлада Виена Комерц и остана во трката за пласман понатаму.

Резултати понеделник, 22 јуни

Група Х

Др. Баткоски – Етно ресторан Дедо Димо 7:1

Група Ф

Екстра Скопско – Златара Бени Ерол 1:4

Група Ц

Виена Комерц – ДООЕЛ Ноче 2:4

Турнирот продолжува вечерва со нови три натпревари од групната фаза.

Распоред на натпревари вторник, 23 јуни

20:30 часот АСП ПАК – Пејачката Софче Македонија (Група А)

21:30 часот Хотел и Спа Инекс Олгица – Кафе Бар Коко (Група Б)

22:30 часот Топлина – Кафе Бар Слобода Кичево (Група А)

Г.М.