Египќаните бараат официјализирање на ден посветен на нивната етничка заедница.
Од НГИ „Коалиција на Египќани“ велат дека ќе испратат официјално барање до претседателот на македонското Собрание, како и до координаторите на сите парламентарни партии, на некоја од наредните седници да се расправа за воведување на Ден на Египќаните во Македонија.
Во истото ќе бараат поддршка Египќаните да имаат свој ден за одбележување, бидејќи, велат, се посебна, автентична и автохтона лојална етничка заедница во Македонија.
OhridNews











