Министертвото за економија предлага закон за изменување и дополнување на Законот за возила, во кој акцентот е ставен на исполнување на еколошките стандарди.

-Предлог законот има за цел да ги уреди постапките за остварување на заштитата на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица, како и заштитата на јавниот интерес по кои се должни да постапуваат министерствата, органите на државната управа, правните лица и физичките лица на кои со овој закон им е доверено да вршат јавни овластувања. Со Предлог законот се воведуваат посебни таблици за такси возилата и се воведуваат еколошки налепници за возилата. –  стои во објаснувањето објавено на Националниот електронски регистар на прописи.

OhridNews