Сулфатарата во Косел е класична поствулканска појава на одамна згаснат вулкан .Некогаш тоа било вулкан, но сега се останати само карпите кои сведочат за вулканот и сулфатарата која низ годините била активна , вели универзитетскиот професор од штипскиот Природно-технички факултет, Тодор Серафимовски.

Тој додава дека последните активности на коселскиот  вулкан се случиле пред 16 милиони години и дека сега можеме да бидеме мирни, бидејќи не станува збор за конкретна вулканска активност.

Серафимоски не ја исклучува веројатноста дека до промени во сулфатарата дошло поради неодамнешното активирање на трусните подрачја во северниот дел на Егејското море, при што сеизмичките бранови веројатно се пренеле и на блиската активна трусна подрачна зона како што е југоисточниот и  северозападниот дел од регионот во кој е опфатена и сулфатарата во Косел,каде  гасот кој се испушта нашол испустен вентил во линија на помал отпор.

OhridNews