Последните терористички напади во британската престолнина Лондон, само потврдуваат колку Европа е ранлива, сметаат експертите. Посочуваат дека е поребен сосема нов пристап во борбата против тероризмот и единство, во спротивно Европа нема да може да се справи со опасноста.

– Нас ни треба ново сфаќање за тероризмот од политичка и општествена гледна точка. Денес тероризмот е најголемата закана со која мораме да се соочиме, a со овој конфликт можеме да се справиме само доколку имаме единствен став. Затоа велам дека ние можеме да опстанеме само доколку делуваме заедно како Европејци или ќе умреме сами поединечно. – вели Марко Ломбарди oд Католичкиот универзитет во Милано, Италија.

Терористите не поседуваат голема воена моќ но ја користат ранливоста на луѓето, ширејќи со своите напади страв и паника, велат експертите. Токму затоа за мета ги избираат големите градови во развиените европски држави, сметаат тие. Радикални структури постојат и во регионот, но Македонија и Балканот засега не е се под закана од тероризам. 

–Денеска и во блиска иднина не постои некоја посериозна закана дека во овој регионот ќе се случат такви настани. Регионот сам по себе е мал, границите си го прават своето, контролата е поинаква. Малите градови полесно се контролираат, поголемите потешко, затоа тие бираат големи градови и економски центри. – изјави Никола Дујоски, продекан на Факултетот за безбедност.

Безбедносните концепти и политики и новата генерација на ризици и закани се тема на 8-та меѓународна научна конференција што во организација на Факултетот за безбедност Универзитетото во Битола се одржува во Охрид. На овој научен собир учествуваат над 120 професори и експерти од 15 земји од светот, а ќе бидат презентирани над 100 трудови од областа на безбедноста.

Г. Момироски