Друштвото за консалтинг „Грант Торнтон консалтинг” од Скопје во наредните седум и пол месеци ќе ја советува државната компанија „ЕЛЕМ” во однос на можноста за изградба на туристички комплекс на местото на постоечкиот автокамп „Ливадиште” во Струга, објавува весникот „Вечер“ повикувајќи се на  порталот „Билт”.

Оваа консултантска куќа ќе треба да изработи физибилити студија за оправданоста од доделување на договор за јавно-приватно партнерство за изградба на замислениот туристички комплекс. Тие на „ЕЛЕМ” ќе бидат должни да им испорачаат консултантски услуги за посредување во реализацијата на процесот на доделување на договорот.

„ЕЛЕМ” од сопствениот буџет за оваа намена издвои 17,7 милиони денари или околу 290.000 евра. Веќе е изработен Извештај за стратегиска оценка на животната средина за урбанистичко-планската документација за локалитетот. Ако се остварат овие планови, на брегот на Охридското Езеро ќе се изгради нов комплекс со сместувачки капацитети, објекти за комерцијални и деловни намени, угостителски локали, здравствени установи и објекти за спорт и рекреација.

OhridNews