103 крводарители беа дел од денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид се одржа на платото пред обложувалницата „Спорт јајф“. Акцијата ја помогнаа и поддржаа спортската обложувалница „Спорт лајф“ и Одделението за трансфузија од Охрид.

Десет најсреќни крводарители, беа извлечени во наградната игра на крајот од крводарителската акција и добија вредни награди, а сите крводарители добија маица за спомен.

Но, денес, повод за хуманост не беше само крводарителската акција. Голем број посетители на хепенингот во центарот на Охрид на кој настапи македонската музичка ѕвезда Елена Ристеска, се приклучија на хуманитарната акција “Заедно за еден детски зивот” и донираа парични средства за операција на 11-годишно болно дете од Охрид на кое итно му е потребна операција во Кина која чини 35.000 евра.

Настанот беше збогатен и со презентација на програмите на групите кои го посетуваат детскиот час за приказни и Бреинобреин центарот во Црвен крст Охрид.

OhridNews