-Основа на секоја демократија се дебатите, а јавниот сервис од програмата ги повлече токму дебатите. Власта ја нема ниту во другите медиуми, што укажува на ароганција, таа е оттуѓена од народот и ако нема дебата тогаш зборуваме за нешто друго, не за демократија, истакна Еленоски.

Тој посочи дека СДУ нема да прифати кампања со нискости и навреди, што негативно влијае на демократските процеси, туку ќе понуди програма со конкретни решенија на проблемите со кои се соочува државата.
– Нашата програма „Крај на транзицијата“ има 45 страници но е концизна и јасна, затоа што нема потреба да пишувате програма на стотици страници која наместо решенија нуди магла, рече Еленоски, кој искажа надеж дека граѓаните на претстојните избори ќе и стават крај на транзиционата политика на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Кандидатската листа на СДУ во 5-та ИЕ ја предводи охриѓанецот Димче Андрески, кој истакна дека посебен акцент во партиската програма е ставен на развојот на туризмот, како и на подобрување на безбедноста и сигурноста, преку формирање на Државна агенција за безбедност. СДУ има уште еден кандидат од охридскиот крај кој ќе атакува на пратеничкото место во 8-та И.Е.-(Северна Америка), тоа е бизнисменот Крсте Блажески.










