Викендов, генерацијата 1966/67 година од струшкото средно училиште „Нико Нестор“ прослави 50 години од матура. На прославата која помина во убаво расположение, исполнета со многу емоции, присуствуваа 15 некогашни ученици, а меѓу нив и професорот Иван Новевски. Сите се согласија наредната заедничка средба да ја одржат по три години.
Во далечната 1967 година во училиштето „Нико Нестор“ матурираа вкупно 50 ученици во насоките градежни техничари, ниско и високо градба.
OhridNews












