Селекцијата на Чешка го сруши деценискиот мит за непобедливост на Англија во квалификациите совладувајќи со 2-1 пред своите гледачи, додека Турција со гол во финишот ја совлада Албанија со 1-0 и се наоѓа пред пласман на Европското првенство следната година.

Англичаните последен пат изгубија од Украина во 2009 година а таа серија без пораз запре вечерва во Прага, откако Чешка со голот на Ондрасек обезбедија триумф 2-1. Претходно, гостите од Англија поведоа со голот на Хари Кејн од пенал а домаќините изедначија преку Брабец.

Албанците беа многу блиску до бод и позитивен резултат во Турција, но кикс во судиското продолжение на потесната одбрана ги чинеше пораз. Голманот и последниот фудбалер за врска во составот на Албанија не се разбраа а на празна мрежа Ченк Тосун погоди за неверојатна радост на преполниот стадион. Со триумфот, Турција во последните три рунди ќе треба само теоретски да го завери пласманот на ЕП.

Резултати:

Група А: Чешка – Англија 2-1, Црна Гора – Бугарија 0-0

Група Б: Португалија – Луксембург 3-0, Украина – Литванија 2-0

Група Х: Андора – Молдавија 1-0, Исланд – Франција 0-1, Турција – Албанија 1-0

OhridNews

Жестоко во Прага: Англиски навивачи се судрија со чешката полиција (видео)