Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да освои  ниту еден бод во јунскиот дел од квалификациите за пласман на Европското првенство откако изгуби од Полска со минимални 1-0 во петокот и вечерва од Австрија со 4-1 во Скопје.

За разлика од мечот со Полска кога македонската селекција играше и заслужи барем бод на дуелот со Австрија иако „црвено жолтите“ поведоа 1-0 немаа сила и квалитет да го задржа позитивниот резултат и да прокнижат нови бодови.

Во 18-та минута дефанзивецот Хинтергер ја погоди сопствената мрежа и донесе голема радост на Националната арена „Тодор Проески“. Нашите репрезентативци предноста ја чуваа до 39-та минута кога Лазаро искористи невнимание во одбраната и погоди за егал 1-1.

Австријците во второто полувреме за нијанса го кренаа нивото на игра на што одговор немаше македонската селекција. На почетоток Димитриески не одржуваше во живот, но и тој попушти. Во 62-та минута Арнаутовиќ од белата точка прецизен беше за 2-1. Истиот фудбалер во 82-та минута зголеми на 3-1, а конечните 4-1 ги постави Конрад Лајмер.

Македонија остана со четири бодови освоени во воведните два мечеви од квалификациите и падна на петтата позиција на табелата.

OhridNews
Фото: Гол.мк