Нема крај  но и граница на медиумската битка помеѓу Полските и Германските весници.

Полскиот дневник Супер Експрес обајви фото монтажа на која селекторот Лео Бенхакер в рака ги држи откинатите глави на капитенот на германската селекција Михаел Балак и селекторот Јоаким Лов. Само ден претодно друг полски весник Факт објави фотографија на која Балак клечи пред Бенхакер витешки облечен, алудирајки на победата на Полските витези над германските во 15 век.
 
Фотографиите се обајавени неколку дена пред натпреварот помеѓу Полска и Германија во Клагенфурт.

Сите во Полската репрезентација се оградија од овие слики, нарекувајќи ги болни. Фотките на Супер Експрес ги осудија и германските политичари кои барат од Полската влада адекватно да реагира.

Од Уефа се надеваат дека работите ќе легнат, и двете репрезентации ќе го покажат најдоброто од нив на зелениот терен.

ohridnews