КАНЕО Ресторан и летна бавча

Од 13.10.2021 - 09:00 до 16.10.2021 - 23:59

КАНЕО Ресторан и летна бавча, во соработка со признатиот сомелиер Александар Вучковски и заедно со Шеф Влатко Огненовски, веќе петта година ја раскажуваат својата винска приказна. Како пионери во промоција на винската култура во регионот, со уште поголем ентузијазам ги правиме следните чекори кон нашата визија, велат од креативниот тим на ресторан и летна бавча Канео.

За периодот кој ни претстои подготвивме серија настани т.н. „Денови на вино“, кои ќе имаат за цел, доближување на македонското вино на кое треба да сме горди. „ДЕНОВИ НА ВРАНЕЦ“, се веќе зад нас. Со селекција од 13 етикети на вранец по промотивна цена и селекција на соодветна храна за правилно спарување го прославивме 5ти Октомври, денот на Вранецот. Со цел афирмирање на автохтоните сорти на нашите простори, во текот „ДЕНОВИ НА ПРОКУПЕЦ“ (13-16.10.21), три дена ќе го славиме Прокупецот, кој како чисто вино го произведуваат многу малку македонски винарии. По повод, денот на Прокупецот, 14ти Октомври набавивме 3 етикети на Прокупец и ги споивме со 4 јадења.

Ресторан и летна бавча Канео го најавува и ексклузивното гостување на сомелиерот Александар Вучковски кој ќе одржи едукативна работилница во ресторанот, на 22.10.2021. На неговата работилница “Во светот на винските меурчиња“ присутните ќе имаат можност да дегустираат повеќе етикети на пенливи вина, шампањ и просеко, како и да разрешат некои дилеми и прашања околу пенливите вина. Бројот на места, согласно КОВИД-19 протоколите, секако ќе биде ограничен.

Деновите кои следат по работилницата на сомелиерот Вучковски ќе ги посветиме на розе пенливите вина, така што во „ДЕНОВИ НА РОЗЕ ПЕНЛИВИ ВИНА“, ќе направиме селекција на неколку македонски и странски етикети, по промотивна цена. – најавуваат од Ресторан и летна бавча Канео

Крајот на месецот во Ресторан и летна бавча Канео ќе биде во знак на  настанот “Мали семејни винарии“, кој се реализира во соработка со Здружението на мали семејни винарии од Тиквеш. Овој и останатите вински настани што месецов ќе се организираат во уникатниот амбиент на Канео, може да ги следите на веб страната на ресторанот.

OhridNews