Спој на етно џез звуци и популарна класична музика, ќе биде направен вечерва на Античкиот театар.

Во рамки на Охридско лето вечерва од 22 часот настапуваат оркестарот Симфониета од Софија во придружба на Теодосиј Спасов-кавал, Влатко Стефановски-гитара и Ива Љубомирова-флејта. Диригент е Свилен Симеонов.

Претходно од 20 ч. во катедралната црква Св. Софија учесниците на семинарот по пијано на проф. Борис Романов ќе одржат завршен концерт.

Ohridnews