Спомениците кои ќе се градат треба да го отсликуваат мултикултурниот карактер на општината и затоа треба да се избегне изградба на споменици кои можат да ги нарушат межуетничките односи во Струга и порача евроамбасадоррот Фуере на локалната самоуправа по повод иницијативата за изградба на споменик на Нури Мазари, алијас командант Струга во центарот на градот.

Сега не е вистинско време да се изгради тој споменик, бидејќи за тоа треба дијалог и широка дискусија во самата заедница и во општинскиот Совет, рече Фуере. Тој потенцира дека во европските држави кога се планира изградба на  споменик на некоја личност најчесто тој се однесува  на личност од подалечната историја, од пред повеќе од 100 години, а во конкретниот случај станува збор за личност која умре пред извеснио време и не претставува симбол на единство туку повеќе претставува симбол на разединување.


Фуере и Мерко повеќе од 2 часа разговараа за проблемот

Според Фуере многу подобро би било кога времето што општината го издвојува за реализација на идејата за изгрдба на споменик, да го посвети на донесување мерки за намалување на невработеноста и да се реешат економските и социјални прашања.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко го подржува ваквото размислување на евроамбасадорот , но како што рече ја почитува и одлуката на Советот и дека ќе се најде решение за проблемот.

Нури Мазари-алијас командант Струга,  загина во престрелка во струшко Делогожда пред две години. Тој беше советник во Советот на општина Струга кој по неговата смрт донесе одлука за подигање споменик во негова чест. Таквата одлука беше обжалена, а Основниот суд во Струга донесе времена мерка за стопирање на градежните работи за изградба на споменикот крај Дрим.

Г. Момироски